Почна да се гради паркот на ветерниците во Богданци

Bez autora
May 19 2013

Почна да се гради паркот на ветерни електрани „Богданци“ којшто треба да почне да произведува електрична енергија во последниот квартал од годината. Првично е предвидено да се подигнат 16 ветерници со моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигават часови ветерна енергија. Со ова ќе се обезбеди струја за 15.000 домаќинства користејќи го единствено ветерот како погонска сила. Ваквата тенденција е неминовно потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава. Според генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски, турбините што ќе бидат вградени во ветерниот парк се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри.

Почна да се гради паркот на ветерниците во БогданциПочна да се гради паркот на ветерни електрани „Богданци“ којшто треба да почне да произведува електрична енергија во последниот квартал од годината.

Првично е предвидено да се подигнат 16 ветерници со моќност од 36,8 мегават-часови и годишно производство од 100 гигават часови ветерна енергија. Со ова ќе се обезбеди струја за 15.000 домаќинства користејќи го единствено ветерот како погонска сила.

„Ваквата тенденција е неминовно потребна ако се имаат предвид високите цени на нафтата како енергенс, ограниченоста на природните енергетски суровини и делумно искористениот хидропотенцијал во земјава“, истакна премиерот Никола Груевски.

Според генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски, турбините што ќе бидат вградени во ветерниот парк се меѓу најдобрите во својата класа. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 84 метри, а дијаметарот на елисата 93 метри.

„Монтажата на овие ветерници ќе обезбеди вкупна инсталирана моќност од 36,8 мегавати со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на паркот. Локацијата нуди можност во иднина да се постават дополнителни ветерни турбини кои би го заокружиле проектот со инсталирана моќност до 50 мегавати“, рече Бошковски.

Моментно се работи на изведба на потребната инфраструктура и на придружните објекти.

На поставувањето камен-темелник присуствуваше и германската амбасадорка Гудрун Штај¬на¬кер која во обраќањето изрази убедување дека од овој ветерен парк ќе произнесе значајна развојна енергетско-политичка порака.

Дел од средствата за изградба на ветерниот парк „Богданци“  се обезбедени преку кредит од Германската КФВ банка потпишан во април минатата година. За проектот чија вредност е 55,5 милиони евра КФВ обезбеди 32,9 милиони евра, а за останатите 22,6 милиони се сопствени средства на АД ЕЛЕМ.

Согласно утврдената динамика, во наредните два месеца се очекува да пристигнат првите турбини и да почне нивната монтажа, а во последниот квартал од годинава паркот ќе влезе во електроенергетскиот систем на Македонија и ќе почне со производство на електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik